Македонија
26. March 2016 - 13:14

Уште една железничка несреќа во Македонија

Вчера околу 12,55 часот во Битола, на премин на пат преку железничка пруга, случена е железничка незгода помеѓу патничко моторно возило „Тојота Рав 4“ со битолски регистерски ознаки, а управувано од А.Х.Р.(69)  и патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје.

Од незгодата била оштетена рампа, сопственост на МЖ. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.