Македонија
14. July 2017 - 13:51

Уште една трагедија ја потресе Македонија: Додека ловел риба го удрило струја

Синоќа во 21,20 часот во Медицински центар Струмица е донесен починат Ѓ.Ј.(39) од с.Подареш-Радовиш. Истиот претходно на реката Стара Река, помеѓу селата Злеово и Владевци, ловел риби со помош на агрегат за електрична енергија, при што се здобил со струен удар. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш.
 
Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.