Македонија
28. August 2017 - 18:35

Уште една сообраќајка на патот Велес - Скопје: Автомобил се превртел кај клучката за Штип

Рено со ресенски регистарски ознаки попладнево околу 16:15 часот се превртело од засега непознати причини на автопатот Велес-Скопје, кај клучката за Штип.

Од МВР нформираат дека во возилото било само едно лице. Возачот со повреди е пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош. Засега нема подетални информации за карактерот на повредите.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

 

skopjeinfo.mk