Живот
5. January 2018 - 15:03

Уште една пејачка затворена поради провокативен спот

Уште една египетска поп-пејачка е притворена поради „провокативен музички видео-спот“ објавен на интернет.

Станува збор за Лајла Амер, која е обвинета за нарушување на јавниот ред и мир и за „поттикнување неморално однесување" со своето триминутно видео.

Обвинителството тврди дека спотот придонесува за „уништување на моралот и ширењето пороци".

Здружението на египетски музичари веднаш ја исклучи пејачката од своите редови, со образложение дека видеото претставува „навреда за народот во Египет".

Поп-ѕвездата во него преку стомачен танц во тесни фармерки и игра на зборови, импликативно асоцира на добро позната египетска пцовка, со што доста умешно ја избегнува и цензурата.