Македонија
28. January 2018 - 12:04

Уште една куќа се запали во Скопје, изгоре цел спрат

Вчера претпладне во 11,30 ч. во ЕИК, Бујар Џемаили пријавил дека на ул.„Пере Тошев“ бр.34 му била опожарена куќата при што е зафатен горниот спрат, кујната и дневната соба.

Од страна на БППЗ пожарот е локализиран.Повредени лица нема. 

Пријавителот се откажува од увид, бидејќи пожарот е настанат од неисправна електрична инсталација.