Македонија
12. March 2018 - 20:22

Уште еден живот згасна на македонските патишта

Вчера во 16.55 часот на патот Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од Ж.Г.(19) од Кочани, во кое имало тројца сопатници, мотоцикл „Сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки управуван од В.Ц.(39) од Свети Николе и мотоцикл „Хонда“ со бугарски национални ознаки управуван од В.Ј.(33) и сопатник К.Г.(22), двајцата од Свети Николе.
 
Од здобиените повреди на место на настанот починал В.Ц., додека В.Ј. и сопатникот К.Г. се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.