Македонија
7. August 2018 - 10:20

Уште еден моторџија тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера во 10,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Скупи“ се случила сообраќајна незгода помеѓу Мотоцикл „БМВ адвентор“ со скопски регистерски таблици управуван од Б.Х.(48) од Скопје и патничко моторно возило “Хундаи I30“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.П.(50) од Скопје.

По незгодата Б.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.