Балкан
22. December 2017 - 8:57

Уште еден косовски Албанец убиен во Сирија

Уште еден Албанец од Косово, кој се борел на страната на групата Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија.

Станува збор за лице од селото Палабард во општина Ѓаковица, чие семејство ја потврдило веста. Засега не се знае точна кога тој заминал за Срија и местото каде што е убиен.

Поранешниот косовски министер за внатрешни работи Скендер Хисени лани пред парламентарна комисија изјави дека според информаците со кои располага Приштина, во Сирија и Ирак загинале 57 граѓани на Косово.

Според него, на боишта во двете блискоисточни земји заминале над 300 Косовци, од кои околу 70 биле активни борци на страната на ИД, Од вкупниот број Косовци што заминале на подрачјата што беа под контрола на ИД во Сирија и Ирак, имало и 38 жени и 27 деца