Свет
6. October 2020 - 20:04

Уште двајца вработени во Белата куќа позитивни на Ковид-19

Еден ден по враќањето од болница на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, медиумите објавија дека уште двајца вработени во Претседателството на САД се позитивни на коронавирусот. Едниот е активен член на американските вооружени сили, кој го придружуваше Трамп на неговите патувања минатата недела, пишува Блумберг, повикувајќи се на неименуван извор. Американските медиуми објавија дека вториот заразен со Ковид-19 е воен советник на Трамп.

Уште двајца вработени во Белата куќа позитивни на Ковид-19.