Уште двајца повредени во трката со бикови во Памплона
Две лица се повредени денеска во трката со бикови што традиционално се одржува во градот Памплона во северна Шпанија. Тие меѓутоа, не биле прободени со рогови, какви што беа некои случаи претходниве денови.
Заменик-директорот на регионалната болница, Томас Белсунеги изјави дека еден маж го скршил зглобот, а другиот си ја удрил главата.
Трката со бикови долга 850 метри, денеска траеше нешто повеќе од две минути, со што е најбрзата трка за годинешното издание на фестивалот.
Фестивалот на Свети Фермин трае девет дена, при што секое утро посетителите бегаат пред бикови, коишто пак, потоа учествуваат во борба во арена. Настанот обично привлекува околу милион посетители од цел свет.
Претходно, двајца државјани на САД и двајца Шпанци, беа повредени во трките кои започнаа во неделата.
Ново на Сител
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко