Балкан
26. April 2020 - 18:37

Уште четири лица починаа во Грција, потврдени нови 11 случаи на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Грција починаа уште четири лица од Ковид-19, а вкупниот број на жртвите се зголеми на 134, додека пак регистрирани се нови 11 случаи на коронавирусот.

Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вкупниот број заразени лица е 2.517, од кои 55, 5 отсто се мажи.

Хоспитализирани и приклучени на апарати се 46 лица, а од одделите за интензивна нега отпуштени се 64 пациенти.

Во однос на смртните случаи, бројката се зголеми на 134, откако починаа уште четворица, а просечната возраст на починатите била 74 години.

Досега во Грција се анализирани 64.608 примероци.