Loading Video...
Свет
16. May 2021 - 16:44

Уште 13 деца го загубија животот во нападите врз Палестина, Нетанјаху убедува дека целта им е терористичка организација

33 палестинци од кои 13 се деца се убиени во утринските воздушни напади на израелската армија во Појасот Газа.  Во ударите срушени се неколку згради и витални сообракајници. Во зградите  според премиерот Нетањаху имало канцеларии на исламистичката група Хамас, која ја контрола Газа а цивилите биле навремено предупредени за нападите.

Затоа не слушате за жртви во овие згради што се рушат. Израл прави се возможно за да ги заштитие своите цивили и да ги држи палестинските цивили настрана од повреди. Ќе продолжиме да дејствуваме со максимална сила. Ние ја удираме терористичката организација со силни удари. Кој го запали огнот ќе добие оган, истакна премиерот на Изарел.

А изминаата ноќ  палестинските милитанти  истрелале 120 проектили кон неколку изарелски градови  при што 10 луѓе се повредени додека бегале во засолништа. Во израелските контра напади уништени е и куката на Јахја Синвар, шеф на политичкото крило на Хамас.

 Советот за безбедност на ОН вечерва а ЕУ во вторник  ќе расправа  за  израелско палестинскиот конфликт кој ескалираше на 10 мај и  во кој досега загинаа 181 палестинец, вклучувајки 52 деца и 10 израелци од кои се 2 деца.