Тенис
5. September 2016 - 9:18

УС Опен: Вознијачки се пласира во четвртфиналето

Кај жените двократната финалистката на УС Опен Каролине Вознијачки ја победи Медисон Киз со 2-0 (6:3 и 6:4) и во следното коло ќе игра против Анастасија Севастова, која со истиот резултат 2-0 (6:4 и 7:5) ја победи Џоана Конта.
 
Победничката на Австралија Опен Анжелик Кербер во осминафиналето беше поуспешна од Петра Квитова со 2-0 во сетови (6:3 и 7:5) и за противничка во четвртфиналето ќе ја има ланската финалистка Роберта Винчи, која ја елиминира Лесиа Цуренко со 2-0 во сетови (7:6; 6:2).
Другите четири осминафинални мечеви се играат попладнево и вечерва.