-->
-->
УС Опен: Прво финале за Плишкова и Кербер во Њујорк
-->
Каролина Плишкова (10.носителка) од Чешка и Анжелик Кербер (2.носителка) од Германија ќе играат во саботното женско финале на УС Опен во Њујорк. Ноќеска двете тенисерки ги совладаа своите ривалки ви полуфиналните мечеви.
Изненадувањето го направи Плишкова, која ја победи првата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2-0 во сетови (6:2 и 7:6 (7:5)). За Плишкова ова е најдобар резултат на Грен слем турнир бидејќи досега успеваше да стигне само до 3.коло.
Кербер во второто полуфинале со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) ја победи Каролине Вознијачки и се избори за своето трето Грен слем финале сите во 2016 година. Победи на Австралија Опен, а загуби на Вимблдон. Без разлика на исходот во финалето Кербер од понеделник ќе биде тенисерка број 1 на ВТА листата.
Вечерва се играат машките полуфинални мечеви Новак Ѓоковиќ – Гаел Монфис (почеток на пред 21 часот) и Стан Вавринка – Кеи Нишикори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење