Тенис
13. September 2015 - 8:27

УС Опен: Пенета го освои пехарот и објави повлекување

33-годишната тенисерка од Италија Флавија Пенета триумфираше на УС Оpен откако синоќа во финалето ја победи сонародничката Роберта Винчи со 2:0 во сетови - 7:6 (7:4) и 6:2.

Ова за неа беше првото Грен слем финале, а по добивањето на пехарот таа изјави:
- Задоволство беше да играм тука. Донесов одлука уште пред овој настап дека ова е мојот последен меч во Њујорк. На крајот од сезоната се повлекувам.
По изедначениот прв сет, Пенета во вториот направи серија од 4:0 и практично го скрши отпорот на колешката од ФЕД купот Винчи.
Пенета од 26.место ќе направи скок на осмата позиција на ВТА ранг листата. Таа воедно е стана највозрасната Грен слем шампионка, но и тенисерка со најмногу настапи на Грен слем турнири (49) до освојувањето на првиот пехар.
За победата заработи и чек од 3.3 милиони долари.