Тенис
8. September 2016 - 10:50

УС Опен: Нишикори го „исфрли“ Мареј

Кеи Нишикори успеа да направи подвиг откако синоќа во четвртфиналето го елиминира вториот тенисер на светот Енди Мареј. Нишикори во текот на мечот во два наврати беше во негатива и губеше со 1-0 и со 2-1 во сетови, а на крајот по речиси четири часа игра успеа да оствари победа и по вторпат да се избори за полуфинале на УС Опен. Нишикори победи со 3-2 во сетови (1:6; 6:4; 4:6; 6:1 и 7:5 по гемови). 
Негов ривал во полуфиналето во петок ќе му биде Стан Вавринка, кој со 3-1 во сетови (7:6; 4:6; 6:3 и 6:2) го победи Хуан Мартин дел Потро. За Вавринка ова е трето полуфинале во последните четири години во Њујорк.
Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Гаел Монфис.