Тенис
5. September 2016 - 9:15

УС Опен: Надал елиминиран, Ѓоковиќ во 1/4 финале

Двократниот победник на УС Опен Рафаел Надал го заврши годинашниов настап на овој турнир откако ноќеска во меч од осминафиналето по повеќе од четири часа загуби од Лукас Пул со 3-2, по сетови 6:1; 2:6; 6:4; 3:6; 7:6 (8:6).
 
Пул одигра одличен меч и заслужено се избори за четвртфиналето, а во тај брекот од решавачкиот сет ја искористи четвртата меч топка. Негов ривал во следната рунда ќе му биде Гаел Монфис, кој со 3-0 во сетови (6:3; 6:2 и 6:3) го елиминира Маркос Багдатис.
 
Актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ во победата над Кајл Едмонд загуби само седум гема 3-0 (6:2; 6:1 и 6:4) и во четвфиналето ќе игра против Жо-Вилфред Цонга, кој со 3-1 во сетови (6:3; 6:3; 6:7;6:2) го победи Џек Сок.