Македонија
6. September 2016 - 8:31

УС Опен: Коњух направи сензација со пласман во четвртфиналето

18-годишната хрватска тенисерка Ана Коњух со пласманот во четвртфиналето на УС Опен кај жените го направи најголемото изненадување досега на турнирот. Таа синоќа во последниот меч од 1/8 финалето ја елиминита четвртата носителка Агнешка Радванска од Полска. Коњух двата сета ги доби со 6:4 во гемови. 

Во следната рунда противничка ќе и биде Каролина Плискова од Чешка (10.носителка) која со 2-1 во сетови ја совлада Американката Венус Вилјамс. По сетови: 4:6; 6:4 и 7:6 (7:3).
Пласман во 1/4 финалето изборија Серена Вилијамс со триумфот над Јарослава Шведова со 6:2 и 6:3 во гемови. Таа во 1/4 финалето ќе игра против Симона Халеп која со 6:2 и 7:5 ја совлада Карла Суарез Наваро.
Вечерва се играат првите два четвртфинални дуели: Роберта Винчи - Анжелик Кербер и Каролине Вознијачки - Анастасија Севастова.