Тенис
7. September 2015 - 7:49

УС Опен: Ѓоковиќ четвртфиналист

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на УС Опен откако ноќеска го совлада Баутиста Агут со 3:1 во сетови. Загубениот сет беше прв за Ѓоковиќ на овој турнир. Негов противник во четвртфиналето ќе биде уште еден шпански тенисер - Фелицијано Лопез. Тој во осминафиналето го победи Фабио Фоњини со 3:0 во сетови.

Во другото четвртфинале пласман изборија актуелниот шампион Марин Чилиќ и Жо Вилфред Цонга. Чилиќ со 3:1 го победи Жереми Шарди, додека Цонга беше поуспене од Беноа Пер со 3:0 во сетови.
Кај жените сестрите Вилијамс постигнаа победи за четвртфинале: Серена ја совлада Кејс со 2:0, а Венус беше поуспешна од Контавеит.
Во другото четвртфинале ќе играат Младеновиќ и Винчи. Младеновиќ ја победи Макарова со 2:1 во сетови, додека Винчи без борба се пласира откако Бушар поради потрес на мозокот го предаде мечот.
Денеска се играат осминафиналните дуели:
Лепченко - Азаренка, Стосур - Пенета, Квитова - Конта, Лисицки - Халеп (жени), Изнер - Федерер, Андерсон - Мареј, Бердих - Гаске, Вавринка - Јанг.