Тенис
8. September 2022 - 20:23

УС Опен: Алкараз и Швјонтек изборија полуфинале

Големата светска тениска надеж, Карлос Алкараз е последниот патник во полуфиналето на  на гренслем-турнирот во Њујорк  откако ноќеска, со неверојатен пресврт во меч кој траеше  пет ипол часа го совлада Италијанецот Јаник Синер (6-3, 6-7, 6-7, 7-5, 6-3).
Во полуфиналето Алкараз ќе игра против Тиафо додека Руд ќе се сретне со Качанов. 
На женскиот турнир во полуфиналето ќе играат Плишкова и Швјонтек односно Гарсија и Жабер.