Loading Video...
Фудбал
25. јуни 2021 - 9:33

Уругвај со првата победа на Копа Америка си обезбеди четвртфинале

 
 
 
Репрезентацијата на Уругвај конечно во трениот меч на Копа Америка ја оствари првата победа. Откако загубија од Аргентина и одиграа нерешено со Чиле, фудбалерите на Уругвај ја надиграа Боливија и славеа победа со 2:0. 
 
Иако Уругвајците доминираа во текот на целиот меч сепак до водство стигнаа во 40-минута и тоа благодарение на автогол на Квинтерос. 
 
За потврда на трумфот чекаа до 79. минута кога Единсон Кавани. 
Со оваа победа Уругвај и теоретски ги урна надежите на Боливија за пласманот во нокаут рундата, во која од оваа група ќе играат и Аргентина, Парагвај и Чиле. 
 
Чилеанците пак во последниот свој натпревар од групната загубија од Парагвај со 0:2. 
 
Стрелци на головите за Парагвај беа Самудио во 33-тата и Алмирон во 58.минута. 
 
Во последното 5.коло од А група закажани за вторник наутров о 2 часот ќе играат, Аргентина – Боливија и Уругвај – Парагвај.
 
Табела: Аргентина 7 бодови, Парагвај 6, Чиле 5, Уругвај 4 и Боливија 0.