Кошарка
11. January 2016 - 22:44

Урош Луковиќ најдобар играч на колото во АБА лигата

Играчот на МЗТ Скопје Урош Луковиќ е најдобриот играч на 19.коло од АБА лигата. Тој на натпреварот со Сутјеска имаше 36 индекс поени. На второто место е Глен од Задар со 30, трет е Драгичевиќ од Будуќност со 28, колку што има и Милер од Ц.Звезда, додека Розиќ од Цибона е на петтото место со 26.

Урош Луковиќ со 18 скокови е најдобар скокач на колото.

Луковиќ по вторпат се наоѓа во ТОП 5, претходно беше петти во 16.коло.