Урнат летниковец и искршeна опрема на детско игралиште во Струмица

Непознати сторители синоќа урнале летниковец поставен покрај станбени објекти на улицата „Младинска“ во Струмица, во близина на ОУ „Никола Вапцаров“, соопштија денеска од ЈПКД „Комуналец“.
Покрај урнувањето на летниковец мета на вандалите била и опрема во Детското игралиште во Градскиот парк во Струмица.
- Ваквата општествена неодговорност и чин на вандализам не води никаде. Неретко се случува откако ќе се обнови комуналната опрема, несовесни граѓани повторно да ја уништат. Апелираме до граѓаните да пријават вандалско однесување и да споделат информации за уништување на заедничкиот имот, апелираат од ЈПКД „Комуналец“.
Инаку, од почетокот на годината се евидентирани голем број уништувања на урбана опрема во центарот на градот, посебно на Плошадот „Гоце Делчев“, каде беа искршени огромни жардинерии за цвеќе.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
