Уреден дел од улицата „Борис Кидрич” во Тетово, покрај Поштата

Реконструиран е тротоарот на улицата „Борис Кидрич”, покрај Поштата во Тетово, со површина од 480 м². Притоа е поставена нова урбана опрема, како клупи и корпи за отпадоци, а од неодамна тука има и улично осветлување. Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, беше во посета на овој дел од градот.
-Тука сме на тротоарот спроти новата зграда на театарот, кој се гради во Тетово. Овој дел, како што сите граѓани знаат, имаше потреба од интервенција. Се интервенираше комплетно во должината на тротоарот, подземните работи, а исто така е поставено и јавно осветлување за зголемување на сигурноста на граѓаните кои се движат во ова централно гратско подрачје. Ние и понатаму ќе продолжиме со вакви слични проекти кои го олеснуваат не само движење, туку ја зголемуваат и сигурноста на движење на граѓаните на тротоарите и во градот Тетово, рече градоначалничката на Општина Тетово.
Инвестицијата за средување на овој дел на улицата „Борис Кидрич” е 1,1 милион денари, додека за јавното осветлување се потрошени 300.000 денари.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе присуствува на Комисијата за човекови права закажана по барање на родителите на загинатите во Кочани
-

Стартува пленарната расправа за буџетот за следната година
-

Преку онлајн иницијатива СДСМ ќе се бори против отворање на мигрантски кампови во Македонија
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
