Свет
30. August 2017 - 16:57

Ураганот Харви стаса до Луизијана

Прогнозите на метеоролошките служби најавуваат крај на ураганот Харви на неговиот пат назад кон Луизијана, Арканзас, Тенеси и Мисури по речиси една недела непрекинати врнежи. Повлекувањето на дождот на површина ги извади штетите. Харви ќе се најде на листата помеѓу петте најскапи бури во историјата на САД со досега проценета штета од над 40 милијарди долари.

Волонтерите во Хјустот се обидуваат да им помогнат на оние кои загубија се што создавале во својот живот, а граѓаните се лути на властите поради неможноста да добијат навремено предупредување.

Претседателот Трамп е задоволен од работата на службите, но и на она што го покажале жителите на Тексас.

Властите во погодените подрачја стравуваат дека борјот на жртви од ураганот Харви ќе расте по повлекувањето на водата од поплавените домови. Спасувачките акции продолжуваат, но за враќање на животот во нормала ќе биде потребно многу повеќе време.