Свет
22. April 2018 - 10:03

Ураган направи пустош во Москва: Во силната бура загина едно дете и возрасен, а 17 се повредени

Според најновите информации, во невремето во Москва се повредени 17 лица, а двајца загинаа. Двајца од повредените се во многу тешка состојба, соопшти раководителот на секторот за здравство во Москва Алексеј Хрипун.

Претходно градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека 12 лица се повредени, а едно девојче загинало во невремето во Москва.

-Според последните податоци во ураганот се повредени 12 лица. Девојчето кое беше во многу тешка состојба, лекарите за жал не успеаја да го спасат.

-Изразувам длабоко сочуство до нејзините родители, напиша градоначалникот на Москва на Твитер.

Невремето го поремети и авиосообраќајот - најмалку седум летови се откажани, а 28 одложени. Агенцијата Тасс наведува дека 20 лица се повредени, од кои 7 се задржани во болница.

View image on Twitter

 
Силен ветер скриши стотици стебла во Москва и градските служби се ангажирани за да ги отстранат последиците од силното невреме.