Македонија
25. October 2021 - 14:15

Управниот суд поништи гласање и на избирачко место во Шуто Оризари

Управниот суд ги поништи резултатите од спроведеното гласање на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари по кандидатски листи за избор на градоначалник и за членови на Советто на Град Скопје и за градоначалник и за членови на Совет на Општина Шуто Оризари. Судот одлучуваше по тужбата на Движењето „Одлучно за промени“ против решението на Државната изборна комисија.

Приговорот на Движење „Одлучно за промени“, предводено до ЛДП и ДОМ, беше поднесен до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари.

За тоа дали ќе се прегласува на ова избирачко место, од ДИК посочуваат дека треба да го разгледаат решението од Управниот суд и да се направи проценка дали евентуално прегласување ќе влијае на изборниот резултат.

Претходно вчера, Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за резултатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место број 0543, и таму ќе се изврши прегласување.