Управниот суд ја уважи жалбата на Иванов против Антикорупциска за унапредувањата во Армијата
Управниот суд пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов кој поднесе тужба против Антикорупциска комисија која поведе прекршочна постапка против него за унапредувањата во Армијата.
Во образложението на Управниот суд, меѓу другото, се наведува дека на Иванов му било оневозможено да ги изложи своите аргументи како одбрана пред Антикорупциската комисија, а исто така не му било доставено и нејзиното решение, туку било само објавено на веб-страницата на Комисијата.
– Врз основа на наведеното, Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал членот 33 ставот 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази. Исто така, тужениот орган сторил повреда и на ставот 6 од истиот член, кога не ја доставил одлуката до тужителот, од причина што истата само ја објавил на веб-страната на ДКСК, согласно член 22 став 7 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не се обидел да ја достави, имајќи предвид дека со истата утврдува дека ќе иницира прекршочна постапка, се наведува во образложението од Управниот суд.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда