Македонија
24. October 2017 - 16:18

Управниот суд ги разгледа тужбите од политички партии и уважи една за гласањето во Сарај

Одлуките на Управниот суд по 28 тужби поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, ТМОРО и Левица нема да ги променат изборните резултати од гласањето на 15 октомври. Со тоа во втор круг ќе се гласа за градоначланик во 35 општини на 1517 избирачки места. Во Скопје, втор круг на гласање ќе има во Гази баба, Шуто оризари, Бутел, Кисела Вода и Сарај. Се очекува резултатите да станат конечни во текот на денешниот ден кога ДИК на посебна седница ќе донсе заклучок по однос на одлуките од Управниот суд.

-Одлуките се уште не се добиени, а откако ќе ги добијат во текот на денешниот ден ќе закажат седница за конечни резултати, изјави Александар Чичаковски, претседател на ДИК.

Инаку Судот ги одби сите тужби, освен една од 24 кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Прифатената тужба се однесува на гласачко место во Сарај за каде опозициската партија тврдеше дека е правен поткуп на гласачи. Сепак, и покрај прифатената тужба прегласување ќе нема бидејќи судот практично пронашол само техничка грешка во решението на ДИК.

Имено, Во одлуката на Управниот суд пишува дека Државната изборна комисија погрешно утврдила дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на гласањето за градоначалник на Скопје, туку се работело за совет на град Скопје. Но, Управниот суд од оригиналните записници утврдил дека ДИК правилно одлучил да го одбие приговорот бидејќи од доказите видно дека не е прекршен Изборниот законик и дека резултатите од Сарај остануваат.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека ваквите одлуки на Управниот суд се поради двојниот притисок кој врз него го направила владејачаката СДСМ и Специјалното јавно обвинителство. 

-Направен е најголм фалсификат и дека судот и дик одлучувале од страв и по линија на помал отпор, изјави Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, без конкретно објаснување денеска од ОБСЕ/ОДИХР го зголемија бројот на набљудувачи за вториот изборен круг и тоа за една третина повеќе од претрходно, иако на 29 ноем,ври ќе се гласа на двојно помалку места од првиот круг.

Од ОБСЕ.ОДИХР побараа дополнителни 102 набљудувачи, на 336-те колку што беа на терен на 15 октомври.  Поголем број на набљудвачи на изборниот процес побараа и од американската амбасада.