Македонија
21. April 2016 - 15:55

УПОЗ: Судската администрација ќе го добие додатокот на плата од 35 проценти

Судската администрација ќе го добие додатокот за посебни услови, постоење висок ризик и доверливост во висина од 35 проценти, како што претходно беше направено со јавните обвинители, специјалните јавни обвинители, јавнообвинителските службеници и службениците во СЈО.

Ова, како што информира Пеце Груевски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, е постигнато на денешната средба во Министерството за правда која беше во врска со барањето на Синдикатот на УПОЗ за платите на судските службеници.

Согласно Законот за судски службеници барањето треба да го поднесе претседателот на Судскиот совет до Владата, а опфаќа 2.300 вработени.

Груевски истакна дека Владата треба да ја донесе одлуката во рок од една недела. Доколку не се донесе таква одлука, Груевски рече дека Синдикатот на УПОЗ на 3 мај годинава ќе го почне најавениот штрајк.