Loading Video...
Свет
4. February 2021 - 19:40

Универзитетот Оксфорд со истражување за мешање на вакцини против Ковид

Велика Британија почна истражување за да се провери дали давањето 

две различни вакцини при првата и втората доза има ист ефект како пристапот со еден тип на вакцина против Ковид-19. Униврзитетот Оксфорд ќе го спроведе  истражувањето, финансирано од британската Влада. Научниците сметаат дека мешањето вакцини може да даде уште поголема заштита од вирусот. Во тестирањето ќе учествуваат 800 волонтери постари од 50 години, кои се уште не се вакцинирани. Волонтерите ќе примат вакцина на Оксфорд и на Фајзер на растојание од четири до 12 недели. 

Над 80 куќи изгореа во големите шумски пожари што беснеат веќе четврти ден во близина на австралискиот град Перт. Активни се 7 пожари и  досега уништени се над 9000 хектари  површина. На терен се над 500 пожарникари. Силниот ветер ја зголемува опасноста од нивно ширење, предупери премиерот на Западна Австралија Марк МекГован. Се истражуваат причините за пожарите.

Фејсбук од денеска во Мјанмар е целосно блокиран за користење. Новата воена Влада ја блокира социјалната мрежа поради објавување повици за граѓанска непослушност по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи. Пристапот ќе биде блокиран до 7-ми февруари. Соборената влада редовно објавуваше информации на Фејсбук за своите активности.