Живот
14. March 2016 - 15:35

Универзитетот на нозе: Професор по хемија снимал порно филмови

Професорот по хемија на Универзитетот во Масачусетс е суспендиран затоа што водел двоен живот.

Николас Годард, чие уметничко име во порно - филмовите е „Old Nik", е посрамотен пред своите колеги кога се дозна дека снимил голем број филмови за возрасни и тоа со млади девојки.

Некои од неговите снимки имаат милионски прегледи на сајтот "Pornhab".

Професорот Годард е на столбот на срамот зошто снимал секс сцени со девојки кои се помлади од неговите студенти.

Според пишувањата на „Дејли Мејл“ еден од неговите студенти го пријавил на Универзитето откако ја видел снимката од професорот на порно сајтот.

-Ова е такво лицемерие. Луѓето гледаат порно - филмови, ама се жалат на луѓето кои се во нив. Моите студенти и колеги сакаат тоа да го гледаат ама ме осудуваат зошто сум актер во тие филови, изјави професорот.

Годард објасни дека се впуштил во овој бизнис по стресниот развод.