Македонија
20. March 2021 - 17:13

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со протест пред министерството за здравство побара одговорност од Филипче

Со транспаренти Операција успешна-пациент без органи, Гинекологија не е касапница, Филипче крвави ти се рацете, унијата на жени на ВМРО –ДПМНЕ протестираа пред министерството за здравство  за случајот со родилката од Дебар. Реагираат дека жената  никогаш до сега не била поранлива и понезаштита. Бараат оставка од министерот Филипче.

Демонстантите се незадоволни и како власта се справува со пандемијата. Немаме ниту една вакцина... А надлежните наместо да ангажираат повеќе здравствени работници, активираат попичувачи-реагираат тие.

Протестот  се оддржа под силно полициско обезбедување.