УНИЦЕФ/Студија: Секое трето дете со oпасно ниво на олово во крвта
Едно од 3 деца во светот имаат високи нивоа на олово во крвта, покажуваат податоците од глобална студија.
Широката контаминација сo олово става во ризик милиони млади луѓе, кои можат да развијат сериозни ментални и физички оштетувања како резултат на интоксикација со олово.
Кај околу 800 милиони деца пронајдени се нивоа на олово од 5 микрограми на децилитар или повеќе, според студијата на УНИЦЕФ и групата за животна средина „Чиста земја“ (Pure Earth).
Tие нивоа се сметаат за доволно високи за да го нарушат нормалниот развој на мозокот, нервниот систем и виталните органи како што се срцето и белите дробови.
СЗО и Центрите за контрола и превенција на болести на САД повикуваат на вистинска акција, бидејќи извештајот вели дека основната причина е јасна – несоодветно рециклирање на батерии и заситеност на животната средина со загадувачи.
„Недвосмислен заклучок на оваа студија е дека децата ширум светот се отруени од олово во огромна и досега невидено ниво“, се вели во извештајот објавен денеска.
Документот наведува широк спектар на фактори одговорни за високи нивоа на олово во крвта кај децата – од несоодветно рециклирање на батерии до употреба на боја со олово за домови, отпадоци од олово и загадување на храна заради глазирани керамички садови.
Во извештајот се наведува дека 95 отсто од оловото во батерии се рециклира во САД и во Европа, додека земјите во развој ја немаат таа технолошка способност. Експертите посочуваат дека колку подолго токсинот останува неоткриен во крвта, толку е поголем ризикот од повреди или смрт.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација