Македонија
11. September 2015 - 11:02

УНХЦР: За 12 часа нови 7.600 мигранти влегле во Македонија

Околу 7.600 мигранти, повеќето од Сирија, влегле од Грција во Македонија од вчера во 18 часот до изутрината во 06 часот, соопшти високиот претставник за заштита на УНХЦР Александра Краусе.

- Имаме информација од нашите грчки колеги дека нови мигранти пристигнуваат со автобуси, а тие и понатаму ќе доаѓаат, изјави Краусе.

Се проценува дека во последните два месеца од Грција во Македонија влегле над 70 илјади мигранти, чија крајна дестинација се западноевропските земји.