Свет
13. јуни 2016 - 17:59

УНХЦР против принудното задржување на мигранти во Италија и Грција

Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин изјави дека следи „загрижувачки пораст“ на задржувањето на мигранти во Грција и Италија и ги повика властите да пронајдат алтернатива за присилното задржување на деца додека се обработуваат барањата за азил, пренесе БТА. 

Од минатата година над еден милион мигранти, поголемиот дел од нив бегалци од војната во Сирија, пристигнаа во Европа преку Грција. Од почетокот на годинава пристигнаа 150.000, а 38 отсто од нив се деца, покажуваат податоците на агенцијата на ОН за бегалци.  Како Грција  така и Италија направи центри за принудно задржување. Дури и децата без придружба често се сместувани во затворски келии или во центри, обиколени со бодликава жива. Треба да се пронајде алтернатива за задржување на децата, изјави Зеид Рад ал Хусеин во обраќањето на Советот на ОН за човекови права во Женева. 

Високиот комесар на ОН за човекови права истакна дека од 160 илјади лица, кои европските земји се ангажираа да ги примат до септември 2015, досега се сместени помалку од 1.600. 

Минатата година преку Средоземното Море во Европа пристигнаа 208.150 мигранти и бегалци, а над 2.850 се загинати или исчезнати, покажуваат податоците на агенцијата на ОН за бегалци. 

Мнозинството од нив (157.119) се Сиријци, Авганистанци и Ирачани, кои пристигнале во Грција преку Турција.