Балкан
9. February 2018 - 22:28

УНХЦР предупредиува на ризик од сексуално насилство во грчките бегалски кампови

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) ја повика грчката Влада да обезбеди посебно сместување и санитарни услови за жените и децата во бегалските кампови на грчките острови, поради ризик од сексуално насилство.

УНХЦР и изјави дека добил пријави од околу 180 жители на кампови, кои рекле дека биле изложени на некаков вид сексуално или полово насилство по пристигнувањето во Грција.

Во соопштението на Агенцијата се посочува дека ситуацијата е особено вознемирувачка во пренаселените кампови Морија на островот Лезбос и Вати на островот Самос, каде тоалетите и бањите по стемнување се на „несоодветно место“ за жените и децата без придружба.

Комесаријатот цитира жена од кампот Морија која рекла дека два месеца не се туширала затоа што се плаши да не биде нападната.

УНХЦР ја повика Грција да направи повеќе за обезбедување заштита на жителите на бегалските кампови.