Свет
23. April 2020 - 15:32

УНХЦР: Пандемијата со Ковид-19 влошила страдања на бегалците

Пандемијата на коронавирусот ги влоши страдањата на луѓето што бегаат од војна, конфликт и прогонство, и додека земјите се борат да ги заштитат своите популации и економии, им се заканува опасност за основните норми за бегалските и човечки права, соопшти УНХЦР.

–  На испит се клучните принципи за заштита на бегалците, но и на луѓето присилени да избегнуваат конфликт и прогон не треба да им се одземе безбедноста и заштитата под изговор реагирање на вирусот и не треба да бидат последица на таквата реакција, рече Филипо Гранди, висок комесар во ОН за бегалци.

– Јавното здравство и заштитата на бегалците не исклучуваат едно со друго, додаде тој, и прецизира дека одамна признатите закони за бегалци мора да се почитуваат и во ситуации кога владите донесуваат строги мерки за заштита на јавното здравје, вклучително и мерките преземени на границите.

УНХЦР проценува дека 167 земји досега целосно или делумно ги затвориле своите граници за да спречат ширење на вирусот, при што најмалку 57 земји не прават исклучок кога станува збор за барателите на азил.

Додека војните и насилството продолжуваат во многу делови на светот, ваквите мерки виртуелно го суспендираат правото на луѓето да бараат азил. Оние кои бараат безбедност и засолниште се одбиени на копнените граници или на море и се враќаат или префрлаат во други земји каде постои сериозна закана за нивниот живот или слобода.

УНХЦР ги повикува државите да управуваат со ограничувањата на границите на начин што исто така ќе обезбедат почитување на меѓународните стандарди за човекови права и заштита на бегалците, вклучително и преку карантин и скрининг за здравјето.