Македонија
9. November 2017 - 14:56

УНХЦР: Да се реши проблемот со лицата „фантоми“ во Македонија

Невидливи за системот, без пристап до права од областа на здравствената и социјалната заштита, до образование и вработување, лица „фантоми“ без документи и државјанство во Македонија според проценките на УНХЦР имало најмалку 800, од кои на 300 им е помогнато да станат полноправни членови на заедницата.

Се претпоставува дека бројката е поголема и оти за таа точно да се утврди и потоа да се реши потребно е подигање на јавната свест за таквите лица сами да се пријават, но и законски измени да се отстранат административните пречки и да им се помогне да го надминат проблемот. 

- Ние пред три години направивме истражување и идентификувавме отприлика 800 лица кои имаа проблем со немање документи и државјанство. Успеавме да решиме 300 случаи. Треба да ја подигнеме јавната свест со темелни и сеопфатни кампањи и на ваков начин луѓето кои имаат проблем ќе истапат и ќе побараат помош ако се убедени дека таа помош ќе им биде дадена. Милам дека знаеме за 800, но надвор има повеќе луѓе кои се соочуваат со овој проблем, рече Даг Сигурдсон од УНХЦР на презентацијата на Извештајот #IBelong.

Потребна е, рече, и добра соработка меѓу институциите, здруженијата на граѓани и другите меѓународни организации во Македонија, која ќе овозможи овие граѓани да ги добијат документите кои им требаат за да можат да ги оставарт своите права.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се согласување дека е неоходно подигнување на јавната свест за значењето на овој проблем и како што рече потребата оние кои работат на решавање да се свесни за тоа што што значи да се биде лице без документи во Македонија и во светот.

- Тие лица немаат пристап до ниту едно право, а со тоа ги правиме најисклучени од општеството и ги правиме да влезат најдлабоко во сиромаштија. Затоа, за нас тоа е приоритетно прашање, бидејќи ако социјалните ризици се генерираат кај многу деца во Македонија тие стануваат потенцијални социјални корисници или граѓани кои ќе живеат во длабока сиромаштија во идниот период, рече Царовска.

Иако не сме најнадлежна и најповикана институција во однос на водење на матична евиденција или измена на закони, сепак, потенцира таа, заедно со останатите институции ќе дадеме максимум што побрзо да се направи план кои се закони треба да се сменат. Неопходно е, вели Царовска, да се направи и регистар на граѓани, бидејќи во моментов нема точна бројка колку лица во Македонија се без документи. 

Треба да се отстранат административни пречки, бидејќи, како што посочи, тоа е техничко, а за овие граѓани животно прашање.