Бизнис
3. April 2017 - 10:32

Унгарскиот јавен долг минатата година изнесувал 74 отсто од БДП

Јавниот долг на Унгарија на крајот од минатата година изнесувал 25.922 милијарди форинти (84 милијарди евра), односно 74,1 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Унгарската централна банка.

Буџетскиот дефицит во 2016 година „тежел“ 609,7 милијарди форинти (1,97 милијарди евра) и е поголем за 82,2 милијарди форинти во споредба со претходната година.

Уделот на јавниот долг во БДП е зголемен за 0,1 процентен поен на 1,7 отсто, според податоци на централната канцеларија за статистика.