Унгарија привремено ја суспендира уредбата на ЕУ за стриктна контрола на границите

Унгарската Влада привремено ја суспендира уредбата на ЕУ за систематска контрола на патниците на шенгенските граници заради повеќечасовните задржувања на нејзините граници.
- Со оглед на тоа дека новиот систем на проверка на патниците предизвика повеќечасовни чекања на граничните премини, а дека во текот на летото таквиот начин на работа би предизвикал уште подолги задржувања, унгарската Влада смета дека е нужна суспензијата на уредбата, изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Карољ Контрат, пренесе Танјуг, повикувајќи се на државната телевизија РТС.
Место систематските, воведени се целни контроли на патниците, што беа применувани пред донесување на уредбата.
Суспензијата на уредбата стапи во сила откако беше објавена во унгарскиот Службен гласник.
Контрат додаде дека наместо „малтретирање на граѓаните на ЕУ“, Брисел треба да се занимава со запирање на илегалните миграции и пронаоѓање на терористите.
- Илегалната миграција ги загрозува најважните постулати на ЕУ, слободата на движење и шенгенскиот систем, рече државниот секретар.
Уредбата на ЕУ за систематски контроли на патниците, која на шенгенските граници се применува од почетокот на април годинава, предвидува на сите граѓани на Унијата детално да им се контролираат документите при секој влез и излез од ЕУ.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ и денеска негира дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а и на цените на мало за три отстто
-

Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок
-

Приведен 28-годишен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Египет
-

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
-

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата
-

Трамп објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за американските фармери
