Унгарија повеќе не е безбедна земја, одлучи австриски суд
Управниот суд во Австрија оцени дека Унгарија повеќе не е безбедна држава за давање азил на бегалците.
- Состојбата во Унгарија од октомври минатата година е значително променета, поради големиот бран бегалци. Тие околности, со конкретна критика на условите за прием на азилантите во Унгарија, водат кон оценка дека Унгарија не е безбедна за баратели на азил, се наведува во соопштението на судот.
Судот укажува и на кршење на Европската конвенција за човекови права и Повелбата за фундаментални права на ОН, кои забрануваат нехумано и деградирачко однесување.
Поради кршење на овие документи, Судот одлучи дека е неприфатливо протерување на барателите на азил врз основа на Даблинскиот договор во Унгарија. Надлежните органи поради таквата одлука мора детално да ја анализираат актуелната ситуација во Унгарија и да вршат проверка дали е можна примена на правилата од Даблин за баратели на азил во Австрија, кои пристигнале од Унгарија.
Управниот суд одлучуваше по тоа прашање врз основа на жалба на една авганистанска бегалка, која во Австрија пристигнала со повеќе малолетни деца, а која се борела против протерување во Унгарија.
Таа во Унгарија побарала азил, а во октомври минатата година пристигнала во Австрија. Надлежните власти наредиле нејзино протерување, бидејќи Унгарија, според договорот од Даблин е надлежна за одлучување за доделување на азил во нејзиниот случај.
Ново на Сител
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени