-->
-->
Унгарија: Камион удри во воз исфрлајќи го од пругата, најмалку седуммина загинати
-->

Најмалку седуммина загинаа утрово на југот на Унгарија, кога камион удри во воз исфрлајќи го од пругата, соопшти полицијата. Повеќе лица загинаа местото на несреќата, а уште неколку се повредени.
„Спаувачките напори уште траат, затоа не можеме да зборуваме за точната бројка загинати“ рече портпаролот на полицијата за агенцијата Ројтерс.
Несреќата се случила на преминот во Миндшент, во близина на унгарско-српската граница, нешто пред седум часот според средноевропско време.
Камионот поминал на црвено а по ударот возот бил исфрлен од пругата и паднал во канал. Полицијата го затвори патот за спасувачите и инспекторите да можат да работат, а на местото на несреќата пратен е и хеликоптер на итната помош.
Локален портал delmagyar.hu јавува за седум мртви.
Државната железничка компанија објави дека од пругата излегол вагон во кој имало 22 патници. Возилото тргнало преку пругата игнорирајќи го црвеното светло, додаваат од компанијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар
-

ДИК: Од обработени 93% од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 57,84%, Амар Мециновиќ 36,11%
-

Јовица Илиевски победи во Брвеница
-

Д-р Владко Грозданов прогласи победа во Кочани
-

Златко Ристов останува градоначалник на Конче
-

Левица: Задоволни сме од излезеноста во урбаните општини, исклучок се општините Чаир и Сарај
-

Според партиски извори Ѓоко Камчев е нов градоначалник на Валандово
-

ДИК: Од обработени 80,85 % од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 59,41%, Амар Мециновиќ 34,80%
