Loading Video...
Спорт плус
24. July 2019 - 14:43

Унгарецот, Милак го сруши светскиот рекорд на Фелпс стар 10 години

Унгарецот, Кристоф Милак постави нов светски рекорд на Мундијалот што се одржува во Гванжу, Јужна Кореја. 
 
Тој делницата од 200 метри пливајќи пеперутка, ја мина во време од 1:50,73 минути со што за 78.стотинки го подобри досегашниот светски рекорд на Американецот, Мајкл Фелпс поставен пред десет години (2009).