Свет
25. April 2017 - 8:50

Унгарците протестираат против растечеко руско влијание во земјата и авторитарната политика на Орбан

Околу 2.000 лица синоќа учествуваа во протестот во Будимпешта против растечкото влијание на Русија во нивната земја и авторитарната политика на премиерот Виктор Орбан, пренесоа американските медиуми.

Протестот беше организиран на неколку улици од руската амбасада во Будимпешта, откако полицијата им забрани да се одржи пред зградата.

За цело време од протестот се слушаа скандирања „Европа! Европа!“ и „Да ја запреме Москва“ како одговор на владината кампања „Да го запреме Брисел“, која тврди дека Европската Унија се обидува да одземе се повеќе права од земјите членки.

Писателот и еколошки активист, Андраш Лани, изјави дека расте амбисот меѓу Истокот и Западот и дека „Унгарците не сакаат повторно да се најдат на страната на непријателите на човештвото“, пренесоа американските медиуми.