Свет
22. November 2021 - 11:44

Унгарците масовно се вакцинираат против Ковид-19

Граѓаните денеска чекаа во ред пред главната болница во Будимпешта за да се вакцинираат против Ковид-19 откако беше дозволена имунизација без претходна регистрација поради зголемениот број на новозаболени лица.

Унгарија пријави рекордно висок број на заболени во петокот – 11.289, а денеска 27.209 случаи, а изминатите три дена регистрирани се 392 смртни случаи.

Во Унгарија со 10 милионско население од почетокот на пандемијата регистрирани се 33.172 смртни случаи. Во земјата вакцинирани со две дози се околу 5,8 милиони луѓе.

Владата минатата недела воведе задолжително носење маски во затворени простории, а најави и задолжително вакцинирање против Ковид-19 за сите здравствени работници.