Македонија
13. May 2021 - 16:38

Уметниците од Бугарија и Македонија не признаваат пречки, ги повикаа политичарите да ги поддржат

Овој млад актер, е можеби еден од ретките кому му успеало истовреме да биде дел од двете најголеми телевизи во Бугарија, приватната БТВ и националната БНТ. Бугарската јавност ја освојува со својата популарност, македонската јавност пак речиси и да не знае дека Игор Дамјанов е од Македонија и речиси 20 години живее и работи во Бугарија.

Дамјанов е дел од една поголема генерација македонски актери кои изминативе години успеваат да се етаблираат на бугарската културна сцена. 

Приказните на Игор и Ѓорги, културата, уметноста, даваат еден поинаков поглед на македонско-бугарските односи. Тоа беше лесно забележливо и на вчерашната ноќ на литературата, каде преводот на поезијата од Владимир Мартиновски на бугарски јазик, ја собра културната елита на Бугарија.

Културната соработка меѓу Македонија и Бугарија можеби е малку видлива за јавноста, но сепак таа веројатно е веќе еден изграден стабилен мост.

А, иако е година на пандемија, културната соработка продолжува и ова лето. Веќе следниот месец, македонски уметници и музичари во Созопол ќе градат нови мостови.

Големиот бугарски диригент, Христо Христов, потомок на Гоце Делчев, од неговиот брат Христо Делчев, кој минатата недела диригираше со македонската филахрмонија, оценува дека во основата на добрата соработка е искреноста за правење добри дела, иако не секогаш медиумите успеваат тоа да го препознаат.

Владлан Александров е бугарски режисер кој неуморно работи на оваа соработка веќе со години. Меѓу две проби во театарот Смеа и солза, со задоволство прифати да ги потсети политичарите кој пример да го погледнат. 

Луѓето од Културата, веројатно најдобро ја разбрале максимата на Делчев што светот треба да биде. Полесно се разбираат, веројатно затоа што одлучиле да поврзуваат, наместо да делат.