Уметнички дела од Скопје за Атина
Град Скопје ќе го организира превозот на донираните уметнички дела кои се собрани во рамки на хуманитарната акција „Донирај уметност“ во знак на солидарност по пожарот кој минатиот месец ја зафати Грција.
Акцијата ќе се реализира откако Град Скопје ќе воспостави контакт со надлежна институција од Атина, која ќе ја прими донацијата.
Иницијативата „Донирај уметност“ на социјалната мрежа „фејсбук“ ја почна графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула со цел да се собере колекција која Град Скопје ќе ја донира на градот Атина.
Македонските уметници донираа околу 70 свои уметнички дела: графики, масла на платна, акварели, цртежи, неколку скултптури, дигитални илустрации, а најмногу има фотографии.
Во Музејот за современа уметност има токму таква донација на уметнички дела кои Скопје ја има добиено од страна на Грција по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња