Балкан
16. November 2016 - 11:53

Умерен земјотрес во Кукуш

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Кукуш, во 11 часот и 15 минути по локално време (10:15 по средноевропско време).

Според Лабораторијата за геофизика на солунскиот универзитет Аристотел, епицентарот на земјотресот бил на 40 километри западно од Солун и е дел од сеизмичката активност по земјотресот од 4,3 степени, кој го потресе регионот минатиот четврток.