Балкан
13. September 2016 - 11:21

Умерен земјотрес на Закинтос

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала денеска претпладне го погоди грчкиот остров Закинтос.

Институтот за геодинамика соопшти дека епицентарот на потресот бил 17 километри источно од островот.

Досега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.